
тест активност
17/08/2026
С О О П Ш Т Е Н И Е ЗА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ЗА ПРОЦЕНИТЕЛ НА ТУТУН
16/09/2026Меѓународниот саем за тутунски производи InterTabac 2026 во Дортмунд кој се одржува од 15 до 17 септември е најголемиот светски саем за тутунски производи, цигари, пури, лулиња и алтернативни производи од оваа индустрија. Присутни се над 800 излагачи од околу 70 земји и над 14.500 професионални посетители. Покрај изложбениот дел, деновите на саемот се посветени на стручни конференции и дебати за регулативите во Европската Унија. Присутните посетители разговараат и на клучните теми од индустријата како што се традиционалните тутунски производи, луксузни рачно изработени пури, алтернативни и никотински производи од новата генерација, како и нови регулаторни стандарди и пазарни трендови.
Македонската делегација ја сочинуваат претставниците од Сојузот на тутунопроизводители „Мака на тутуноберачите“: Кире Ристески, Никола Илиевски, Џемал Назифоски, Ибраим Јусуфи, Роберт Митев и Јане Спасовски, кои остварија средби и разговори со претставници на Европската асоцијација на тутунопроизводители (ITGA) и Светската асоцијација на тутунопроизводители (UNITAB) во ек на подготовките на ,,Форум на ориентален тутун“ кој ќе се одржи во Прилеп како и одбележување на Светскиот ден на тутунопроизводителите – 28 ми октомври.
Во интерес на дополнителна промоција на квалитетот на македонскиот ориентален тутун, делегацијата оствари средби со голем број светски производители на цигари кои сеуште не користат македонски тутун на кои им беше презентиран квалитетот кој што го има тип Прилеп.





























